На 15 февруари  претставата „Граница“ која беше во копродукција помеѓу „Нов театар“ – Охрид и Мал драмски театар од Битола, а во рамки на програмата на културниот центар „ Медиа Артес“ за формирање професионален театар во Охрид,   ќе се изведе во Народниот театар во Битола.


Претставата ќе биде изведена и во Сараево на 17 февруари во склоп на фестивалот “Сарајевска зима”.  Исто така на 19 февруари  „Граница“ ќе биде изведена во Белград во Југословенско драмско позориште.

Ohridnews