На денешната седница Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од репрогласување на Охридско Езеро и прогласување на Студенчишко Блато за заштитени подрачја и нивно номинирање во Светската Рамсарска Листа.

Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Охрид, Дебарца и Струга да изнајдат финансиски средства за изготвување на Студија за валориазција на природни вредности за Охридско Езеро и за апликација за номинација на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светската Рамсарска Листа.

OhridNews

Донаторска конференција, нова студија за Студенчишко блато со дислокација на „Комуналец“, a се размислува и за марина