Поголем број користени компјутерски монитори, тастатури, машини за пишување, видео рекордери, дигитални камери, телефони, како и работни маси и еден моторцикл, со одлука на управнниот одбор на НУ фестивал „Охридско лето“, денес, беа донирани во општинскиот Црвен крст.


–    Овие предмети во националната установа повеќе не се користат и затоа одлучивме да ги дадеме во Црвениот крст, а  потоа оттаму нека одлучат на кого ќе ги донираат, изјави Љубен Маркоски, претседател на пописната комисија при „Охридско лето“.


Од општинскиот Црвен крст потенцираа дека најпрво ќе се изврши преглед на предметите со цел да се утврди нивната функционалност, по што предметите ќе се распределат согласно потребите.

OhridNews