
OhridNews: Охридско лето конечно доби портпарол новинар. Со какви амбиции седнувате во портпаролското столче?
Вренцовска: Искуството како новинар кое што го имам зад себе изминативе 10 години во голема мера ќе ми помогне успешно да ја извршувам функцијата портпарол. Одговорност има и во двете професии но сега сум од другата страна на приказната. Познато ми е, колку на новинарите им е битно да стигнат во право време до права информација и затоа седнувам во портпаролското столче најпрвин со обврска да ги исполнам нивните очекувања. Целта е новинарите повеќе да не го губат своето драгоцено време во обид да стигнат до потребната информација. Од друга страна голема е одговорноста но и честта да се гради и чува реномето на врвна установа која повеќе од 50 години го носи епитетот, најголема музичко сценска манифестација.
OhridNews: Охридско лето изминатите години функционираше без портпарол што реално претставува хендикеп за врвна институција. Што е она што ќе се промени?

Од друга страна пак ваквата новина во функционирањето ќе придонесе за што поуспешно реализирање на планираните програми за годинешново издание на фестивалот Охридско лето.
OhridNews: Свежина има и во самата директорска фотелја, неодамна „Охридско лето“ доби и нов директор. Што може да очекуваме?
Вренцовска: Според оценките на јавноста, но и од нашата соработка на самиот почеток, впечаток е дека директорката Елизабета Јанкулоска е голем професионалец, каков што установата немала до сега. Културната политика која е приоритетна за годинешниве 40 фестивалски денови е успешното реализирање на богатата уметничка програма со настани од областа на музичката и театарската уметност. Презентирање на најквалитетни уметнички остварувања, презентирање на високо ниво на програмски содржини и ексклузивни уметници од светот, со кои најдостоинствено ќе се одбележи 52-то издание на фестивалот Охридско Лето кое ќе биде посветено на уметниците и уметничките вредности. Но покрај програмскиот дел раководството сега за прв пат воведува и обуки за вработените со цел тие поуспешно да ги извршуваат своите работни задачи. Со тоа Фестивалот ќе добие кадар со врвни вештини за тимска работа, но и ќе го подигне нивото на професионалност.












