Актерите на Охридскиот театар беа наградени со долготраен аплауз по завршувањето на претставата „Кабаре Мистериозо“, која синоќа премиерно беше изведена во рамки на фестивалот Охридско лето пред преполно гледалиште во предворјето на Св. Софија.
Тие на високо ниво го одиграа делото на италијанскиот сатиричар, драматург, актер и режисер, Дарио Фо, што го постави младиот македонски режисер Дамјан Дамјановски.
Во претставата која која е збир на сцени и теми од религијата и Евангелието настапи комплетната охридска актерска екипа: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ, Никола Тодоровски, Адријана Билаловиќ, потпомогната од исто така одличните гости Ивица Чонев и Златко Митрески.
Претставата која изобилуваше со хумор и сатира ја одбележа и добрата костимографија, како и исклучително квалитетно подготвени музички сцени. Актерите импонираа со уиграноста и енергијата која ја прикажаа на сцената, а ако може нешто да се забележи тоа е сигурно должината на претставата, која траеше 2 часа.
Синоќешниот е прв настап на неодамна формираниот Народен театар од Охрид на фестивалот „Охридско лето“.
Со стабилизацијата на општинските финансии во изминатите четири години, Општина Охрид реализираше обемни инвестиции за подобрување на условите во сите основни и средни училишта Процесот на модерниз...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 09102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од УЗ10 и УЗ6 : Горна Влашка маала, на...
Цените на угостителските услуги во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени 3,8 %, соопшти Државниот завод за статистика По групи, во септември 2026 година во однос на август 2...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.