Во рамки на работната посета на Словенија директорката на „Охридско Лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот Одбор на фестивалот, Нина Момироска, остварија низа средби со уметници и менаџери на врвните културни установи во оваа земја.

Поповиќ имаше официјална посета на „Словенечката Филхармонија“ каде со директорот Клемен Хвала разговараше за модулите на соработка кои нашиот музичко сценски фестивал ќе ги има во рамки на соработката која ќе почне уште од наредното фестивалско издание. Претходно директорката Поповиќ го посети и музичкото училиште во Словен Градец , кое важи за едно од најдобрите во Словенија.

Во наредниот период менаџментот на „Охридско Лето“ ќе продолжи со директни контакти со врвните установи од културата во овој дел од Европ, најавуваат од „Охридско лето“.

OhridNews