Денешната музичка понуда на фестивалот „Охридско лето“ е  Вечер на камерна музика со ансамблот на „Игњац Фукс” што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Во ансамблот на „Игњац Фукс“ членуваат македонско-австриската виолинистка Фросина Богдановска, хрватскиот уметник Хрвоје Филипс кој свири на виола, македонско-хрватскиот контрабасист Илин Диме Димовски, српскиот кларинетист Александар Тасиќ, обоистот Дарио Голчиќ од Хрватска, како и македонско-американската пијанистка Јана Павловска-Молц. Уметниците од овој ансамбл ќе изведат дела од Александар Арутиуниан, Сергеј Прокофјев и Јохан Михаел Хајдн.

Македонската виолинисткаФросинаБогданоскапотекнува од уметничко семејство под чија закрила ги прави првите чекори и успеси со свирењето на виолина. Во 2001 година се запишува на Националниотмузичкиконзерваториум во Тулуз, а дипломски и постдипломскистудиизавршува на Факултетот за музичкауметност во Скопје. Своето образование потоа го продолжува на Кралската академија во Лондон, а две години подоцназапишуваспецијализација на Универзитетот за музика и изведувачкиуметности во Виена. Покрајсолистичкатадејност, Богданоскачестонастапува и во камерни состави.

ХрвојеФилипс своето музичкообразование го стекнува во Хрватска. Од 1997 година работи како виолист во оркестарот на Хрватскиотнароден театар во Загреб, а три години подоцнастанувачлен на познатиотсостав „Загрепскисолисти“. Од 2004 година е член на симфонискиоторкестар на ХРТ,а една година подоцнастанува и еден од членовите на Загрепскиотквартет.

Илин – ДимеДимовски е еден од најактивните македонски контрабасисти.Вработен е во филхармонискиоторкестар на градот Загреб, постојансоработник е на симфонискиоторкестар на ХРТ, а редовно се појавува и со хрватскиотбарокенансамбл, „Загрепскисолисти“, ансамблот за современа музика „Кантус“, како и со Хрватскиот камерен оркестар. Во исто време соработува и со интернационалниоторкестар „Безграници“ ииталијанскиотсимфонискиоркестар „Сан Марко“. Добитник е на повеќе национални и интернационалнинагради за контрабас и камерна музика.

ДариоГолчиќ е хрватскиобоист, добитник на повеќе награди во и надвор од Хрватска. Своето образование го започнува во роднатаземја, а подоцна се усовршува кај обоиститеХајнцХолигер и КристијанШмит. Во текот на своитестудииимал чест да настапува со значајни ансамбли од Германија, Хрватска, Швајцарија. Моментално работи како обоист на симфонискиоторкестар на националната ХРТ и како доцент по обоа на Музичката академија во Загреб.

Александар Тасиќ е еден од најеминентнитекларинетисти на својата генерација.Како солистдосега има настапувано со повеќе значајни оркестри на концертнитеподиуми во Србија и странство, под диригентскатапалка на еминентни имиња. Чест гостин е и на најпрестижнитефестивали во Европа и Азија. Тасиќ е претставник на познатиотпроизведувач на опрема за дувачкиинструменти „Вандорен“ од Франција и американскатакомпанија за изработка на кларинети „Ројал“.

ЈанаПавловска – Молц своето образование го започнува во Македонија. По дипломирањето, се запишува на магистерскистудии на Колеџот по изведувачкиуметности во Чикаго, кои успешно ги завршува, а во моментов е на докторскистудии на Универзитетот во Илиноис. Постојано е активна на музичкитесцени во светот, каде честосоработува со значајни музичари. Добитник е на голем број награди на национални и интернационалнинатпревари.