Денес физички веќе не е присутна меѓу нас, но нејзиното дело не задолжува да ја славиме вечно и да бидеме благодарни што денес ни се случува Фестивал кој е на врвот на светската уметничка сцена.
Вчера вечер во 18 и 30 часот, на само неколку дена по нејзиниот роденден почина жената која уште пред 52 години му дари многу љубов, но и вечност на сега најголемата манифестација кај нас. А вечни се и луѓето кои оставаат длабоки траги и после нивната смрт. Нејзините 86 години живот ќе останат засекогаш во историјата на уметноста и спомените на многу светски уметници и сите љубители на уметноста .
Во фестивалската историја на „Охридско лето“ засекогаш ќе остане врежано името на Ана Липша Тофовиќ која низ овие изминати повеќе од 50 години веќе има добиено призвук на легенда. Во далечната 1961 година во август месец како првенка на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ заедно со својот сопруг разгледувајќи ја црквата Света Софија запеа во неа. Поради прекрасната акустика на овој простор се родила и идејата за концерт на Ана Липша Тофовиќ и пијанистот Ладислав Пердлик кој со подршка на љубителите на музиката од Охрид е одржан на 4 август 1961 година . Така започна приказната за Охридско лето која денес не прави годри што сме дел од неа.
Нека и е вечна слава !












