Охридското да не ја доживее судбината на Преспанското и Дојранското Езеро
14.12.10 10:15
Евентуалното намалување на испуштањето на водата од Охридското Езеро преку истекот на реката Црн Дрим, би предизвикало бројни несакани негативни последици, укажува дипломираниот инжинер агроном и екологист, Лазо Наумоски.
Неговата реакција следи по информациите дека од албанска страна е побарано да се намали испуштањето на водата поради неодамнешните поплави со кои се соочи нашиот сосед.
Хуманиот гест на добра волја не смее да предизвика загрозување на опстанокот на одреден еко систем со неговата флора и фауна и сите јавни објекти кои се од локален или државен интерес. При секоја осцилација на вкупната водена маса од езерото во нагорна линија постои опасност да се предизвикаат помали или поголеми еколошки последици, вели Наумоски.
– Доколку се оди на намалување на испустот од реката Црни Дрим, нивото на Охридското Езеро ќе мора да се покачи од критичната точка 693,80. Нивото на подпочвените води ќе се покачи на повисоко ниво, сите реки од сливното подрачје ќе бидат оптоварени со голема количина на водена маса. При тоа, движењето на водената маса од реките ќе биде многу успорена и истите ќе можат да се излеат и предизвикаат поголеми или помали поплави. Земјоделските поседи ќе бидат потопени од преголемата површинска вода, при поголемо брановидно струење на водата од Охридското Езеро објектите кои се во непосредна близина на обалата можат да претрпат помало или поголемо оштетување, смета Наумоски.
Охридскиот екологист стравува дека како резултат на тоа што југозападниот дел од езерото тектонски е нестабилен, со покачувањето на нивото на водата и големите брановидни струења на огромната езерска водена маса може да дојде до негово тектонско спуштање, а со тоа и можност за подземно истекување на водата од Охридското Езеро во правец на Албанскиот дел. Наумоски укажува дека во тој случај Охридското Езеро би ја доживеало судбината на Преспанското и Дојранското Езеро.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен пра...
На 11022026 во 12:30 часот на магистралниот пат Струга-Подмоље, во близина на Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 42-годишна охриѓанка При сообраќајна контрола, полициските...
Во текот на шестата недела од 2026 година (02-08022026), во Македонија се пријавени 1306 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 12,8% помалку во споредба со претход...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.