Ваквата одлука произлегла од последната владина седница, на кој биле донесени одлуки за концесионирање и со други езера во земјава. Од Министерството за земјоделие за порталот не ја потврдиле информацијата, се додека евентуалната одлука не излезе во „Службен весник“.
Сепак, спортско-риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ се јавил со реакција во која се истакнало дека на владината одлука ќе се жалат до Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и до Европските партии на зелените. Риболовниот клуб реагира дека со вакви услови дадени на концесионерот, езерото ќе се уништи за наредните 50 генерации.
Истиот извор објави дека според неофицијални извори, идниот концесионер ан езерото е фирмата „Пастрмка 2012 година“ од Охрид.