Според денешните мерења на АД ЕЛЕМ, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на максимално дозволената граница предвидена со водостопанската дозвола на државната комапнија за производство на електрична енергија од 694 метри надморска височина. Според утринските мерења на УХМР, пак, нивото на Охридското Езеро е на котата 693,98 м.н.в.

Како што оцени пред два дена на прес конференција директорот на ЕЛЕМ Драган Моновски, хидролошката состојба на Охридското Езеро е сложена. Тој рече дека се прават максимални напори да не дојде до излевање на езерото од каде во моментов се испуштаат околу 40 литри вода во секунда од максимално можните 70 л/с. Тоа се прави за да не се предизвикаат поплави по течението на Црн Дрим.

Акумилациите Глобочица и Шпиље се полни до врв, а производството на струја до сега оваа година е зголемено за 39 проценти, информира ЕЛЕМ.

OhridNews