Охридското Езеро и Националниот парк Галичица се дел од понудата на најстарата и реномирана чешка туристичка агенција „Чедок“ и тур-операторот „Алпинетоур“, кои деновиве ја промовираа Македонија како неоткриена дестинација нудејќи атрактивни аранжмани.
Чешкиот оператор на тамошните туристи им нуди да го посетат Охридското „море“, едно од најстарите езера на нашата планета, кое, како што велат, е опкружено со планини со бистра чистина и природа која го одзема здивот и на најголемите светски патници. Во понудата уште се и Националниот парк „Галичица“, планината Баба и врвот Пелистер како и Марковите кули во Прилеп со кампување во манастир во близина на Неготино.












