Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на максимално дозволената кота при големи води, пропишана во водостопанската дозвола на ЕЛЕМ од 694 метри надморска височина, но состојбата е стабилна.
Засега стабилна е и состојбата по течението на реката Дрим која исто така бележи восок водостој. Испустот на Охридското Езеро во Црн Дрим кај Струга е отворен на максимум, а во реката неодамна беше пренасочен дел од реката Сатеска за да се спречи зголемување натамошен раст на нивото на езерото.
Во наредниот период следи стабилизирање на времето и повисоки температури кои ќе се движат околу 20 степен што ќе предизвика топење на снежната покривка и зголемување на водостојот на реките и притоките.
OhridNews













