Во акција на Единицата за брзо распоредување при одделот за посебни единици на МВР изминативе денови во Охридското Езеро пронајдени биле и одземени 171 рибарска мрежа со просечна должина од 50 до 100 метри или вкупно преку 13 километри. Покрај мрежите пронајдени се уште 14 килограми риба и прибор за риболов. Само во последниот случај, завчера во атарот на село Калишта беа пронајдени 61 рибарска мрежа, 9 жили со 60 блинкери.
Пред пет дена и од страна на езерската полиција во два одвоени случаи на оддалеченост од 500 метри и еден километар од водната граница со Р. Албанија во Охридското Езеро беа пронајдени 42 мрежи со улов од 33 парчиња риба – пастрмка и 22 парчиња белвица.
Од почетокот на годинава припадниците на Полициската станица за обезбедување на државната граница „Езерска контрола“ пронајдоа и одзедоа околу 600 рибарски мрежи со вкупна должина од околу 50 километри. Покрај мрежите запленети се и 144 жили со 720 блинкери, а пронајдени се и околу 140 килограми разни видови риби. Во првите неполни девет месеци, против 6 лица се поднесени 4 кривични пријави поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Незаконит риболов“, додека против едно лице е поднесена прекршочна пријава по Законот за рибарство и аквакултура.
Сите досега пронајдени и запленети риболовни средства се донесени во просториите на езерската полиција и штом ќе дозволат временските услови ќе отпочне натамошната постапка на нивно уништување. Пронајдената риба, согласно решенијата на Основниот суд Охрид е предадена на АД „Инекс-Горица“. Дел од уловената риба, поточно 31 парче, која беше маркирана со видни белези и вградени чипови, а потекнувала од вештачкиот мрест на Научната установа Хидробиолошки завод – Охрид, по нивно барање им е вратена назад и предадена за нивно натамошно испитување, соопшти полицијата.
Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе продолжи да посветува големо внимание на незаконитиот риболов во Охридското езеро и најостро ќе ги санкционира прекршителите на законот, најави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Денес со почеток од 19:00 часот во Охрид Мол, како дел од детската програма на Општина Охрид за најмладите, Културата расте со децата „За сите деца“, драмското студио „ЦВЕТ 75“ ќе одигра две театар...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарк...
Во текот на седмата недела од 2026 година (09-15022026), во Македонија се пријавени 1150 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 11,9% помалку во споредба со претход...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.