АД „Електрани на Македонија“ денеска ќе изврши порибување на Охридско Езеро со подмладок на јагула.

Според најавите, во езерските води кај струшкото село Радожда ќе бидат пуштени околу 30.000 млади јагули.

Вкупната вредност на подмладокот јагули со кој ќе се порибува Охридското Езеро изнесува околу 45.000 евра, средства обезбедени од АД „Електрани на Македонија“. 

 OhridNews