Во текот на изминатава седмица нивото на Охридското Езеро во просек се движело на нултата кота, освен на 8 и 9 декември кога било за еден односно 2 сантиметри под оваа кота, велат податоците од Управата за хидрометеоролшки работи.

И денешните утрински мерења покажуваат дека Охридското Езеро е на нулта кота (693,17 м.н.в.), што е за два сантиметри под просекот за декември.

Температурата на водата во Езерото е малку над просекот за декември и изнесува 10 °C, а просекот за овој месец е 9,2 °C.

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Вардар кај Јегуновце, на Треска кај Македонски Брод, на Бабуна кај Богомила, на Струмица кај Сушево, на Црни Дрим кај Ложани и на Сатеска кај Ботун.

OhridNews