Нивото на Охридското Езеро падна под нулата кота.
Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на најголемото природно езеро во земјата е на 693,16 метри надморска висина, што е еден сантиметар под законски дозволениот минимум (693,17 м.н.в.), што е нулта кота.
Нивото на Охридското Езеро во моментов е на 6 сантиметри до природниот минимум од 693,10 м.н.в.
Вакви неповолни трендови се забележуваат се почесто изминатите години, што според експертите имаат сериозни негативни последици врз еко системот на Охридското Езеро и живиот свет во него.
OhridNews












