Црвена вода која се црпи од градилиштето кај некогашниот хотел „Парк“ во Горица се слива директно во езерото. Загрижени граѓани до нашата редакција  испратија фотографии на кои се гледа како непречистените води од градилиштето со цевки се спроведуваат во езерото.


Поголемо количество црвена вода од истото градилиште се излеа во Охридското Езеро во септември, кога исто така за тоа информираа медиумите. Тогаш изведувачот на градежните работи во Горица објасни дека црвениот слој се наоѓал во земјата на која се гради станбено-деловниот објект и дека бил автохтон, како и дека подземната вода која се испумпува во езерото била чиста вода, иако истата не се филтрира

Надлежните инспекциски служби тогаш најавија дека ќе преземат соодветни мерки доколку се утврди загадување на езерото.

OhridNews