Значително е подобрена хидролошката состојба на Охридското Езеро. По долгиот период на суша и континуиран пад на нивото, Езерото во декември ја поврати кондицијата, благодарение на обилните врнежи на крајот од ноември и во текот на месецот.

До крајот на денот ќе се задржи значително облачно време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег, по што следи период на стабилизација на времето, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
OhridNews











