Охридското Езеро влезе во официјална конкуренција за избор на нови светски чуда на природата што ја спроведува интернационална асоцијација. Покрај Охридското Езеро во избор ќе влезат и Пелистерски очи и пештерите Врело кај Матка. Трите природни убавини ќе конкурираат за чуда на природата на предлог на Македонскиот комитет за номинација кој е поддржан од Министерството за економија.
На интернет страницата на светскиот избор на нови седум чуда (new7wonders.com) веќе може да гласате за Охридското Езеро, кое за еден ден доби речиси триста гласови.
Сега се зависи од македонските граѓани кои треба што помасовно да го дадат својот глас за нашите природни убавини до 31-ви декември оваа година, кога завршува гласањето. Охридското Eзеро ќе влезе во потесна конкуренција за избор на нови седум светски чуда на природата само доколку се пласира во првите 77 предлози. Затоа народе навали !
На 2482025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 51-годишно лице од Охрид Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социј...
По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28082025 г (четврток) Општина Охрид организира бесплатен превоз до с Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир Трг...
Испратена пораката за мир и промоција на здрави животни навики во рамки на денешниот меѓународен настан „Штафетно нуркање за мир“, односно пливање под вода-нуркање на здив во должина од 25 метри, к...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.