По многуте концерти настапи и турнеи годинава, охридското културно уметничко друштво „Македонка“ деновиве гостува во Хрватска,  на покана на унгарското фолклорното друштво „Пелмоностор“  од Бели Манастир. Настанот е дел од одбележувањето на  деновите на унгарската култура во Хрватска.

Освен македонските претставници, на манифестацијата која е поддржана од хрвстаката влада,  учествуваат  и фолклорни друштва од Романија  и Србија.

Настапот на охридските играорци беше проследен со многу внимание,  а членовите на „Македонка“ од сцената беа испратени со бурен аплауз.

На крај од концертот сите учесници заедно го заиграа познатиот Чардаш.

На хрватската турнеја на „Македонка“ и претстои уште еден настап, денеска, на фестивалот на  виното во с.Змајевац, каде  во овој период од годината се организира традиционален гроздобер.

OhridNews
фото:Емилио