Организаторите ги привршуваат подготовките за утрешното фрлање на светиот крст во водите на езерото. Се украсува градското пристаниште, како и бродот Галеб од кој е предвидено да се фрла крстот.
Се поставува шаторот на општинскиот Црвен крст чии екипи будно ќе го следат утрешниот настан. Екипите на ЈП Комуналец го чистат пристаништето и кејот на кој утре се очекуваат околу 30. 000 луѓе да го проследат настанот.
Како што е веќе најавено, светиот крст во водите на езерото ќе се фрла околу 10 часот и 30 минути од бродот Галеб. По вадење на крстот од водите на езерото, ќе следи масовното крштевање и музички хепенинг кој ќе трае до 12 часот.