На Денот на шегата – 1ви април, на Градскиот плоштад во 12.00 часот ќе се одржи традиционалната „АПРИЛИЈАДА“.
Децата кои на овој ден се маскираат во некој од нивните омилени јунаци од приказните, бајките, цртаните филмови или филмови, ќе дефилираат и играат и ќе се дружат.
За забавата ќе се погрижат детската градинка „Јасна Ристеска“ и гостите од детскиот фестивал „Распеано рибарче“.