Во прилепската Полициска станица е пријавено дека, вчера попладнето, околу 12 часот и 15 минути во Прилеп  кај раскрсницата од ул.„ Марксова„ и „ ул.„ Мице Козар„ , Е.Џ. од Прилеп со закана со пиштол извршил разбојништво над Ј. Ј. (46) од Охрид, при што му одзел 500 денари и мобилен телефон , со што му причинил материјална штета од 20.500 денари.

Имено,   Е.Џ. и Ј.Ј.  отишле  кај лицето А. Ш. од Прилеп  со намера  Е.Џ. да најдел  жена која ќе ја носел  во Америка, каде бил на привремена работа. Откако Ј.Ј.  не се согласил за жената бидејќи мислел дека е малолетна, со Е.Џ. се упатиле кон автобуската станица во Прилеп. Кога пристигнале на горенаведеното место, Е.Џ. откако од  десниот џеб  извадил пиштол  истиот го вперил кон Ј.Ј. и му се заканил дека ќе го убие, по што му ги одзел парите и мобилниот телефон и го напуштил лице местото.

Полициската станица- Прилеп превзема мерки за пронаоѓање на Е.Џ. и за целосно расчистување на случајот.

OhridNews