Педесет и четири годишен охриѓанец бил ранет и ограбен вчеравечер во Тетово од страна на три непознати лица.

Според полицијата разбојништвото се случило околу 19 часот на улицата „Димо Гавровски – Кара“, кога разбојниците му пришле на охриѓанецот и го замолиле да им даде  20 денари. Кога тој им дал, еден од  разбојниците му ги фатил двете раце, по што вториот разбојник извадил нож и му нанел убодна рана на нападнатиот во пределот  на левата нога. Третиот разбојник, најверојатно за да го заплаши нападнатиот, извадил и пиштол.

Потоа разбојниците  физички го нападнале охриѓанецот удирајќи го со тупаници  по лицето и телото, по што тој паднал на земја. Тогаш разбојниците успеле да му одземат околу 3000 денари

СВР-Тетово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.

OhridNews