Охриѓанец на возраст од 44 години заработи кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.

Според информациите од СВР Охрид, на 4-ти октомври 2014 година од страна на полициски службеници е извршен претрес во станот на пријавениот во Охрид, при што се пронајдени околу 15 грама хероин.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

OhridNews