Охриѓанец на возраст од 23 години заработи кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.
Според информациите од Охридската полиција, на 11 јуни 2014 година во Охрид, откако полициски службеници при личен преглед од пријавениот одзеле едно пакетче со марихуана, бил извршен и претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени уште две пакувања марихуана со вкупна тежина од 88,99 грама и една рачно изработена цигара со 0,16 грама мешавина од тутун и марихуана.
OhridNews