38-годишен охриѓанец, пред два дена, во охридската Полициска станица пријавил дека физички бил нападнат од страна на три лица во пицерија на улицата „Кеј Македонија“. Според пријавата, на 29-ти јануари, околу 23.30 часот лицето кое пријавило, отишло во пицеријата откако му се јавило лице од Охрид. По доаѓањето седнало на маса на која седеле уште две лица, едно од Охрид и од Струга.

По кратко време, стружанецот со рака го удрил охриѓанецот во пределот на главата, а веднаш потоа добил удар и од лицето кое му се јавило да дојде во пицеријата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Во врска со настанот во Полициската станица Струга на разговор било повикано едно од лицата, а останатите две биле приведени и со нив бил извршен информативен разговор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews