Дваесет и седум годишниот oхриѓанец, Јован Шутиноски го фати светиот крст во водите на реката Сухре, во градот Триенген, Швајцарија.


Охриѓанецот Јован го фати светиот крст во Швајцарија

Денешниот именден беше еден од главните мотиви за прв пат да се пријави и да биде еден од триесетмината учесници.

По излегувањето од водите изјави дека е пресреќен што е дел од оваа голема традиција. Посака среќа, радост, љубов и здравје за себе, семејството и секако за сите верници.

Традицијата на фрлање на светиот крст во Швајцарија продолжи и оваа година, кога во Македонската православна црква Св. Наум Охридски се собраа повеќе стотици  верници и достојно го одбележаа овој голем христијански празник. 

Јован, заедно со својата сопруга Маја, повеќе години живеат во Цирих, Швајцарија.

Православните верници го празнуваат Богојавление – Водици, односно крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Јован  Крстител.

OhridNews