Вчера во 11,30 часот во Струга, село Вишни од страна на С.Т.(1956) од Охрид, при копање на јама на имот кај местото викано „Равење“, сопственост на З.М. од Струга пронајдени се стари човечки коски. Увид на лице место извршиле истражен судија, како и екипа на СВР-Охрид. Коските се подигнати од лице место за вештачење. СВР-Охрид превзема мерки за целосно расчистување на настанот.

На скопскиот аеродром, вчера во 15 часот и 30 минути на влез во Македонија, допатувало лицето Е.Ш.(1980) од Охрид. При вршење на пасошка контрола констатирано е дека горенаведеното лице евидира со мерка ‘‘А‘‘ ( апси ), лице избегано од Казнено поправниот дом во Идризово, по барање на  КПУ-Идризово од 10.06.2005 год. Во 17,10 часот лицето е предадено на екипи при Полициската станица Гази Баба, соопшти МВР.

OhridNews