Утрово околу 4 часот, на булевар „Туристичка“, се случил инцидент во кој на едно лице од Охрид, на возраст од 22 години, нанесени му се повреди со остар предмет, најверојатно нож. Повредениот веднаш бил пренесен во струшката Општа болница каде му е извршен хируршки зафат и во моментов се наоѓа вон животна опасност.

Според информациите од СВР- Охрид, на инцидентот му претходела вербална расправија во која учествувале најмалку три лица.
СВР- Охрид работи на расветлување на случајот.

Против повредениот, од страна на СВР- Охрид досега биле поднесувани неколку пријави, од кои последната во месец март годинава за сторено кривично дело разбојништво.  

OhridNews