Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишен охриѓанец. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, казненото дело, пријавениот го сторил на 31 јули оваа година во 23 часот и 30 минути во својот дом на улицата „Сирма Војвода” во Охрид.
Тој започнал да тропа на вратата од спалната соба која била заклучена, а во која спиела неговата 80 годишна баба. Откако ја отворила вратата, пријавениот влегол внатре и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото, при тоа нанесувајќи и повреди и крвни подливи.
OhridNews












