Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44- годишен охриѓанец , на кого му е одредена мерка притвор до 30 дена.
На четврти овој месец, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 18 грама опојна дрога хероин и 22 грама кокаин. Пријавениот хероинот и кокаинот го спакувал во помали опаковки завиткани во најлонска кеса и облепени со селотејп трака, по што ги сокрил на различни места од куќата и поткровната конструкција. Опаковките со кокаин ги сокрил на терасата, а хероинот го чувал закопан во жардинери и меѓу ќерамидите оставени зад семејната куќа.
Покрај тоа, пронајдена е една пластична вага, метален калап, метална нако- вална со клин како и други предмети кои заедно со кокаинот и хероинот се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Пријавениот е лице кој извесно време вршел продажба на хероин и кокаин на наркозависници од Охрид. Против него по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави.
OhridNews