Со настапот на студентите од прва година по актерска игра во класата на професорот МимиТаневска од Факултетот за драмски уметности Скопје и со врачување на наградите на најуспешните актери и претстави, синоќа во Кочани беше спуштена завесата на 48-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија.

Жири комисијата во состав Изабела Новотни и Благој Веселинов, актери, како и Драгана Лукан Николоски драматург, по видените 15 претстави од кои 13 од Македонија и по една од Словенија и Србија, ги доделија следните награди:

– Наградата најдобра епизодна машка улога ја доби Петар Цветковски од Охрид за улогата на учителот Сречко во претставата „Чекајки го Годо“, додека наградата за најуспешна епизодна женска улога и припадна на Ангела Димевска за улогата во претставата „Крајот на светот каков што го знаеме“ во изведба на Младинското драмско студио од Прилеп.
Наградата за главна машка улога жирито му ја додели на Јован Кмечко, од Пивнице, Република Срвија за улогата во монодрамата „Не ке ја напишам“, додека наградата за главна женска улога и припадна на  Ана Атанасова од Кочани за улогата на Љупка во претставата „Оркестар титаник“ на Аматерскиот театар од Кочани.

Наградата за колективна игра жирито и ја додлеи на претставата „Кревет“ во изведба на Музичкиот театар при СОУ „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје.  Гранд при наградата за претстава во целина ја доби претставата „Оркестар Титаник“ во режија на Кристина Атанасова Арсова, а во изведна на Аматерскиот театар при Центарот за култура од Кочани.

OhridNews
извор:МИА