Мандатарот Никола Груевски го дополни предлогот за состав на новата Влада со уште еден член – министер за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески роден 1974 година во Охрид.

Павлески има завршено средно и високо образование во САД. Тој е магистер за компјутерски науки на Northeastern University- Boston, и исто така магистер за бизнис менаџмент на Харвард Универзитетот во Бостон.
 
Моментално е вработен во американска мултинационална информатичка корпорација „ Hewlett- Packard Company“, со седиште во Пало Алто, Калифорнија.

Во текот на неговата 14-годишна кариера во компанијата „ХП“ бил именуван на различни високи инженерски и менаџерски позиции во организацијата за складирање информации, вмрежување и технолошки услуги за Северна Америка, Европа и Азија. Во неговата досегашна позиција, со тим дисперзиран низ три континента, тој е одговорен за извршување на финалната стратегија за пред и по продажба и поддршка на мултинационални Фортуне 1000 корпорации. Тој е во честа комуникација и соработка со големи корпорации и е вклучен во склучување на сложени проекти со истите.

Инаку, седницата за избор на нова влада почнува утре напладне, а треба да биде избрана најдоцна до четврток до полноќ.

OhridNews