Охриѓанецот Адријан Битрак беше еден од педесетте среќни фанови кои ја проследија промоцијата на најновиот филм на Силвестер Сталоне “THE EXPENDABLES”, што се одржа на 26-ти септември во јапонската престолнина Токио.


Охриѓанецот Адријан Битрак на промоцијата на најновиот филм на Сталоне

Дел од фановите, меѓу кои и охриѓанецот Битрак, имаа чест да стапнат на црвениот тепих заедно со Силвестер Сталоне и Долф Лунгрен, кој исто така настапува во филмот.


Ѕвездите на “THE EXPENDABLES” – Лунгрен и Сталоне

-Силвестер Сталоне во живо е ист како на филм – „masculine and majestic“. Toj e во одлична форма за неговите години. Беше облечен во елегантен костум. Долф исто така е популарен во Јапонија, каде подолг период тренирал карате. -вели Адријан Битрак.


Силвестер Сталоне се уште во топ форма

Адријан Битрак имал можност да присуствува и на прес конференцијата на која Сталоне и Лунгрен говореле за нивното најново филмско остварување. – Сталоне беше тој кој зборуваше повеќе, а за енергијата и успехот кажа: “Never give up, never give in and never give out!”.-ги пренесува импресиите за OhridNews, Адријан Битрак, еден од педесетте фанови кои присуствуваа на промоцијата на најновиот филм на Сталоне во Токио “THE EXPENDABLES”.

OhridNews