Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“,  СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31- годишен охриѓанец.

Пријавениот, казненото дело го извршил на 19- ти јануари, околу 15 часот и 30 минути во угостителски објект во туристичкиот комплекс „Св.Наум“.

Изреволтиран поради претходна вербална расправија помеѓу гости од Бугарија и неговиот родител, пријавениот започнал да крши прозори, чаши и друг инвентар, по што со лопата го нападнал и сопственикот на угостителскиот објект.

По кратко време со нож кој го одзел од шанкот, упатил закани кон гостите кои веднаш избегале, а потоа го нападнал и келнерот кој успеал да избега кон околните ниви. Пријавениот се обидел да фрли тегла мед кон автобусот со странски гости, кои откако избегале сакале да го напуштат туристичкиот комплекс.

Пријавениот е лице познато на службата против кого и досега, по повеќе основи биле поднесувани кривични пријави.