На пресекот на улиците „Кеј Македонија“ и улицата „Јане Сандански“, вчеравечер, околу 20 часот, од страна на униформирани полициски службеници од СВР Охрид, при вршење на работи на безбедноста на патниот сообраќај, извршена била контрола на патничко моторно возило „Опел“ со охридски регистарски ознаки управувано од 28-годишно лице од Охрид.

При тоа, охриѓанецот почнал да вика на висок тон и да биде агресивен, при што во еден момент и физички нападнал приправник за полицаец. Лицето е лишено од слобода, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

OhridNews