Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство  поднесе кривична пријава против 71-годишен охриѓанец.

– На 20-ти минатиот месец, при средба на пријавениот со неговиот 55-годишен сосед, во ходник од зграда на булевар „Туристичка” во Охрид, се случила меѓусебна вербална караница околу чистење на оџакот и забелешка од соседот кон пријавениот дека неговото купатило прокиснувало. Во тој момент, сега пријавениот извадил нож, се заканал дека ќе го употреби, замавнал со ножот кон соседот, кој пак успеал да се оттргне избегнувајќи директна повреда, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

За кратко време интервенирал друг сосед кој го оддалечил пријавениот на страна и му го одзел ножот.

OhridNews