Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33- годишен охриѓанец.
Пријавениот, кривичното дело го сторил на 11 овој месец околу 3 часот во маркет на улицата „Партизанска“ во Охрид. Тој од фрижидерот и рафтовите земал неколку паштети, салами, леб и други производи, по што одбил да ја плати сметката и заминал од маркетот.
Пријавениот го игнорирал барањето на вработената за наплата на сметката дрско реагирајќи дека нема потреба од плаќање и упатувајќи поздрав до сопственикот на маркетот.
OhridNews