Во Струга на улицата „Едвард Кардељ“, вчера околу 11.30 часот, 44-годишен охриѓанец, неговиот брат и други лица ангажирани преку фирма, извршувале градежни работи, односно местеле олуци на куќа. Додека работеле, охриѓанецот со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, при што добил електричен удар и паднал.

Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од ПС Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

OhridNews