Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци“.

Во перодот од март до октомври 2017 година, пријавениот направил фотографии и видеа со компромитирачка содржина од 18-годишно лице од Охрид, ги обработил и на 5-ти мај минатата година ги поставил на социјалната мрежа „Инстаграм”.

OhridNews