На магистралниот пат Охрид–Ресен после село Косел, вчера околу 22 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистерски таблици управувано од 46-годишен охриѓанец и патничко моторно возило „Киа Сефиа“ со битолски регистерски таблици управувано од 33-годишно лице од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот од Охрид кој по укажаната лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“, поради сериозноста на повредите, бил препратен во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.
OhridNews












