Голем број охриѓани со години постигнуваат успеси стекнувајќи го своето образование на најпрестижните установи низ Европа и целиот свет, каде се истакнуваат со својот квалитет и достојно го претставуваат градот од кој доаѓаат.
Меѓу нив од годинава ќе биде и охриѓанецот Емил Балески кој по сложениот процес за аплицирање што траеше од почетокот на јануари годинава и кој се одвиваше во етапи, по систем на селекција од голем број на пријавени кандидати од целиот свет, напоредно со активностите за успешно завршување на средното економско училиште во Охрид и матурските испити, беше примен дури на три Универзитети во Холандија.
Младиот Емил се одлучи своето образование да го продолжи на реномираниот Универзитет Fontys во градот Венло, на студиската група International Bussines Economy. Балески за неколку дена ги започнува подготвителните активности на Универзитетот Fontys, а од 1 септември ќе ги почне студиите во Холандија.
Да му посакаме успех во студирањето и достојно да го претставува Охрид во Холандија.
OhridNews