23-годишен стружанец четири пати бил прободен со нож во инцидентот што синоќа се случил на улицата „Борис Кидриќ“ во Струга.
Полицијата трага по 18-годишно лице од Охрид кое се сомничи за нападот.
На инцидентот според првични и неофицијални информации му претходела расправија помеѓу двете лица.












