Македонско знаме десетина дена се вееше на 3D анимацијата на Google earth. Според информациите што ги објави скопската телевизија Канал 5, анимацијата што ја вознемири грчката јавност, ја поставил хакер од Охрид кој себеси се претставувал како Jogi.Во своето официјално соопштение Google Грција информира дека анимациите на мапите на Google earth ги поставуваат интернет корисниците, а не Google.
Во меѓувреме негодуваат и македонските интернет сајтови кои реагираат на 3D мапата на градот Скопје каде се веат две знамиња на Албанија.











