Димитар Камнароски охриѓанец по потекло годинава ја заврши во топ 10 пливачите во Холандија. Камнароски (9) кој е роден и живее во Роермонд плива за пливачкиот и ватерполо клуб Хорст од Холандија. Љубовта кон пливањето му ја пренел неговиот татко Томе кој е поранешен ватерполист а сега тренер тренер на пливачите од Роермонд
Димитар минатата година на натпреварувањата во Холандија обезбеди пласман во топ 5 во пет од седумте дисциплини во кои настапуваше:
– 2 место во 50 м грбно со време 42.32 – 3 место 100м грбно со време 1.46.28 – 4 место 50м прсно со време 47.26 – 4 место 100м прсно со време 1.43.57 – 4 место 100м месано со време 1.34.53 – 8 место 50 м краул со време 38.31 – 11 место 100м краул со време 1.23.98
– На 17 февруари Димитар ќе настапи на холандското првенство на кое настапуваат најдобрите десет пливачи – не информираа од неговото семејство.
во клубот
со Питер ван де Хогебанд
Младиот охриѓанец чиј идол е холандскиот пливач Питер ван де Хогебанд од наредниот месец заминува за Ајндховен, во тренинг центарот на истоимениот пливач, кој воедно е и еден од стручните соработнци. Камнароски покрај Холандскиот има и македонски пасош па еден ден ден со радост би ја прифатил поканата да плива за Македонија.
Димитар (втор од десно) дел од штафетата 4 * 50
Во изминатите две години беше дел и од малиот охридски маратон, но годините и навиката да плива во базени не му дозволија на Димитар да постигне позначителен резултат.
Вардар го совлада Охрид 33:31 во дерби натпреварот од 3 коло од Супер лигата Вечерва во Скопје „Гладијаторите“ бодрени од верните „Рибари“ одиграа неизвесен натпревар во кој на крај победа славеше ...
Во Втората фудбалска лига викендов на програмата е 5 коло ГФК Охрид Лихнидос, попладнево на СРЦ „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Кожуф од Гевгелија која во моментов е лидер на табелата со...
Викендов се игра третото коло во ракометната Супер лига Екипата на Охрид му гостува на Вардар во Скопје Натпреварот се игра денеска од 18:00 часот во арената „Борис Трајковски“ По првите две кола О...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.