Вчера во попладневните часови на улицата Партизанска во близина на Факултетот за туризам и угостителство, од страна на 60- годишен охриѓанец нападнат е полициски службеник кој вршел дејствија од областа на безбедноста.
Полицискиот службеник бил нападнат најпрво вербално, а потоа и со патничко моторно возило при што се здобил со повреди во пределот на нозете. Веднаш по нападот бил пренесен во Општата болница каде му биле констатирани лесни телесни повреди.
Настанот го потврди портпаролот на СВР Охрид, м- р Стефан Димоски, кој информира дека лицето кое го извршило нападот е приведено во СВР Охрид, а во текот на денот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.