На интернационалниот натпревар „Акордеон Арт“ во Сараево, Босна и Херцеговина,  еден од најдобрите светски натпревари за хармоника и по квалитет и по број на учесници,  оваа година учество зеде и  младиот надежен хармоникаш Филип Гаврилоски, ученик  во класата на проф. Наумче Џуклески од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид, која ја освои првата награда.


Професорот и наградениот ученик на фестивалот во Сараево имаа ретка прилика да се дружат со светски познатите хармоникаши,  инаку членови на жирито,  меѓу кои  Владимир Зубицки од Украина, Борис Јегоров и  Александар Склјаров – Русија, Андреа Брумец -Словенија, Јука Пела Кусела- Финска, Мајли Двејтис од Нов Зеланд и  др.


Победникот на сараевскиот фестивал
во друштво на светските хармоникаши

OhridNews