Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”, СВР Охрид до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 50-годишен охриѓанец.

– Пријавениот подолг период вршел притисок врз лице-извршител за подрачјето на  Охрид,Струга и Дебар со седиште во Охрид, а во врска со донесени акти од нејзина страна. Тој постојано и се јавувал и и праќал пораки со недолична и заканителна содржина, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 15-ти минатиот месец, пријавениот преку овластениот доставувач, на извршителката  и упатил сериозни закани со што кај оштетената и другите вработени предизвикал чувство на страв, несигурност и вознемиреност.

OhridNews